Проектот на федералното Министерство за трговија и Здружението на работодавачи „ФБиХ“, „Ги заклучуваме цените“ ќе продолжи до крајот на годинава.
Работодавачите предложија намалување и заклучување на цените за 56 прехранбени и хигиенски производи во четвртиот круг од акцијата , кој ќе трае од 1 октомври до 31 декември.
Федералниот министер за трговија, Амир Хасичевиќ, ја поздрави иницијативата и нагласи дека работодавачите и овој пат ја покажаа општествената одговорност, особено кон најчувствителните категории, продолжувајќи го проектот доброволно и покрај фактот што дошло до стабилизација на цените на пазарот.
Листата ја коригиравме во однос на претходниот период, ставајќи уште неколку артикли и веруваме дека на тој начин ќе придонесеме за квалитетот на животот за сите, а посебно за чувствителната категорија на граѓани, како што се пензионерите и работниците со ниски примања, соопштуваат од Здружението на работодавачи на „ФБиХ“.
Проектот „Ги заклучуваме цените“ на 15 декември 2023 година го започнаа федералното Министерство за трговија заедно со Здружението на работодавачи, Здружението на потрошувачи и синдикатот на трговски работници. Со проектот беше доворено на три месеци да се намалат и заклучат цените на 40 прехранбени и хигиенски производи, за да се спречи зголемувањето на цените и да им се овозможи на граѓаните со ниски примања да обезбедат основни животни намирници.
Вториот круг на оваа акција започна во февруари годинава со зголемување на бројот на производи на над 50, а на списокот се додадоа и неколку производи кои најчесто ги користат болните од дијабетес и целијакија.
Извор: eKapija
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.