Регион

Србија: „Универекспорт“ отвори нов продажен објект во Златибор

27 Sep 2024

Во Златибор која е  една од најпосетените туристички дестинации во Србија, „Универекспорт“ го отвори својот втор по ред продажен објект.

Од денеска сите посетители на Златибор, во објектот на аголот на Рујанска и Обудовице ќе имаат на располагање над 5.000 артикли од различни категории, распоредени во простор над 500 квадратни метри, соопштуваат од компанијата.

Во новиот објект на располагање се оделите за овошје и зеленчук, за млечни производи, свежо пакувано месо, мини деликатеси, деликатеси, како и пекарница, замрзнати производи и ладни напитоци. Покрај тоа, на потрошувачите на располагање ќе им се и производите од сопственото производство на компанијата како што се деликатесите Bačka  и свежо месо, маслото Organa и производите од  Domaćinstva Vučurević. Исто така во понудата на „Универекспорт“ се и трговските марки:   Baš Baš, Naše najbolje и Daj Daj

 По повод отворањето, компанијата подготвива подароци за потрошувачите. Првите 100 купувачи добија пакет подароци, следните 100 добија подарок торба, додека следните 50 купувачи добија подарок карта за „Голд Гандолу“.  На денот на отворањето секое 50 купување били бесплатно.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Универекспорт“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...