Заводот за статистика на Србија соопшти дека цените на производите и услугите во август годинава биле повисоки за 0,4 отсто во однос на јули.
Потрошувачките цени на годишно ниво пораснале за 4,3%, додека споредено со декември 2023 година во просек биле повисоки за 3,1%.
Според групите на производи и услуги, во август во однос на претходниот месец пораст на цените бил забележан: Алкохолни пијалаци и тутун 1,7%, рекреација и култура 1,3%, храна и безалкохолни пијалаци 0,9%, ресторани и хотели 0,8%, домување, вода, електрична енергија, гас и останати горива 0,7%, здравје 0,5%, и опрема за станови и тековно одржување 0,4%. Пад на цените бил забележан кај транспортот за 1,6%, облека и обувки 0,4% и комуникации 0,1%.
Кај останатите производи и услуги нема значителни промени на цените.
Извор: InStore
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.