Компанијата „Домаќа трговина“ во август отвори два нови „Сити“ маркети во Добра Вода и Луштица.
По повод отворањето на маркетот во Добра Вода, компанијата подготви подароци за првите 400 купувачи, како и подарок пикник подлога за првите 200 купувачо на вториот ден од отворањето и крофни и сладолед за сите купувачи на третиот ден од отворањето.
Дополнително, трговецот на потрошувачите им обезбеди 20% попуст на целиот асортиман во текот на овие три дена.
„Сити маркет“ во Луштица се карактеризира со модерност, практичност и широк избор на производи за сите прилики, вклучувајќи ја понудата To Go, свежото месо од Domaće Mesare и пецивата од Naše Pekare.
Како и во Добра Вода, компанијата подготви подароци, овојпат во форма на капчиња, за првите 400 потрошувачи, додека на вториот и третиот ден од отворањето, првите 50 потрошувачи кои потрошиле повеќе од 50 евра добија градски термос или крпа.
„Сити маркет“ не е само уште една продавница туку место каде што се нудат квалитет, луксуз и врвна услуга. Тимот на „Домаќа трговина“ се смета за тим на посветени професионалци кои се трудат секое купување да биде пријатно искуство, соопштуваат од компанијата.
Извор: InStore.rs
Фото: „Домаќа трговина“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.