Регион

„Певекс“ ќе гради нов продажен центар во Госпиќ

03 Sep 2024

„Певекс“ потпиша договор за изградба на нов продажен центар во Госпиќ.

Договорот вреден 7,5 милиони евра го потпишаа Крешимир Бубало, претседател на Управниот одбор на „Певекс“ и Ивица Црнковиќ, претседател на Управниот одбор на „Проектградња плус“.

Отворањето на продажниот центар кој ќе се простира на речиси 4.000 метри квадратни се очекува следната година.

Со потпишувањето на денешниот договор продолжуваме со натамошното проширување. Посебно ми е драго што доаѓаме во Госпиќ бидејќи го заокружуваме нашето присуство во сите региони на Хрватска. Дополнително, отвораме околу 40 нови работни места, рече Бубало.

За потсетување, трговецот неодамна почна со изградба на продажен центар во Забок, кој ќе се простира на површина од 5.000 метри квадратни и кој на потрошувачите ќе им нуди производи неопходни за уредување на домот како електроника, апарати за домаќинство и бои.

„Певекс“ моментално има 29 продажни центри во 25 градови низ Хрватска. Во наредниот период компанијата се подготвува за отворање центар во Порече, како и отворање на централен магацин во Јанкомир како дел од инвестицијата вредна 15 милиони евра.

 

Извор: InStore

Фото: Певекс



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...