Со отворањето на нови маркети во Кач и Кничанин трговскиот синџир „Гомекс“ продолжи со ширењето на својата малопродажна мрежа.
Продавницата во Кач е лоцирана на улицата Светосавска 62, додека продавницата во Кничанин е на адреса Стеван Кничанин 87.
Новоотворените маркети нудат внимателно организирани сектори и широк асортиман на производи, при што посебен фокус е ставен на оделенијата за свежо овошје и зеленчук. По повод отворањето на маркетите за потрошувачите биле подготвени специјални попусти, како и подароци за секој стоти, двестоти, четиристоти и петстоти купувач, соопштуваат од компанијата.
Од компанијата истакнуваат дека новите продавници во Кач и Кничани претставуваат уште еден чекор во давањето на квалитетни услуги и достапност на широкиот асортиман на производи низ Србија.
Извор: InStore
Фото: „Гомекс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.