Регион

Црна Гора: „Лидл“ е заинтересиран за купување на три локации во Никшиќ

23 Aug 2024

Дисконтерот е заинтересиран за три локации во Никшиќ, изјави за „Вијести“ Миланка Радуловиќ, секретар на Секретаријатот за просторно планирање и заштита на животната средина на општина Никшиќ.

Доаѓањето на „Лидл“ во Никшиќ доаѓа откако владата на Црна Гора на 13 јуни ги усвои измените на Просторниот урбанистички план (ПУП) на општина Никшиќ, со кои се овозможи доаѓање на компании како „Биг Фешн“ и „Лидл.“

Компанијата „Лидл“ е заинтересирана за три локации - просторот кај управната зграда „Боксит“ (кој веќе го купија), делот кај Железара каде што ќе биде сместен „Биг Фешн“ и дворот на гимназијата. Првите две локации се прифатливи и веќе се влезени во процедура, а третата, дворот на гимназијата е во сопственост на владата, па ги упативме до владата. Им ги издадовме урбанистичко-техничките услови за локацијата кај „Боксит“. Имаат свои деловни принципи и фазно отвораат капацитети, така што во првата фаза ќе отворат неколку објекти во Црна Гора, а потоа уште неколку објекти, рече Радуловиќ.

Да потсетиме, министерот за просторно планирање, урбанизам и државен имот на Црна Гора, Славен Радуновиќ неодамна ги потпиша урбанистичко-техничките услови за изработка на техничка документација за изградба на објектот „Лидл“ – Црна Гора  во Бијело Поље. Како што соопшти министерството, Радуновиќ изразил задоволство од потпишувањето на документот кој значително ќе придонесе за заокружување на процесот за обезбедување услови за почеток на работа на оваа компанија во Црна Гора.

На крајот на април и претседателот на општина Зета, Михаило Асановиќ, најави дека германски дисконтер сака да купи земјиште за изградба на логистички центар во Зета. Како што изјави Асановиќ, станува збор за парцела со површина од 200.000 метри квадратни, на која компанијата сака да изгради логистички центар кој ќе ги опслужува планираните продавници во Црна Гора.

 

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Лидл“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...