Млекарницата „Целеиа“ соопшти дека ја завршиле инвестицијата во обновливи извори на енерија и ја пуштиле во работа втората по ред соларна електрана.
Предвиденото годишно производство на електрична енергија од соларната електрана која има моќност од 349,44 kWp изнесува 358.000 kWh.
Со тоа, компанијата дополнително го зголеми предвиденото производство на електрична енергија со постоечката електрана која минатата година произвела 281.289 kWh електрична енергија.
Се проценува дека двете соларни електрани заедно ќе покријат околу 8% од годишната потрошувачка на електрична енергија на млекарницата „Целеиа“.
Извор: InStore.hr
Фото: Млекара „Целеиа“/Линкедин
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.