Регион

Србија: Свинското месо со двојно пониски цени

16 Aug 2024

Цените на свинското месо се речиси двојно пониски од пред Велигден. Производителите проблемот го гледаат во увозот, потрошувачите се надеваат дека сегашната состојба ќе остане непроменета, а Ненад Будимовиќ од Стопанската комора на Србија за Српската радио-телевизија вели дека причината е намалената потрошувачка на месо во летниот период.

Соговорникот на РТС вели дека Србија едноставно произведува помалку свинско месо отколку што и е потребно.

Овде ситуацијата е што немаме доволно свинско месо за околу 80 отсто од нашите потреби, а тие 20 отсто се увезуваат за преработка, вели Будимовиќ.

Тој посочува дека домашното производство треба да се зголеми и да биде доволно за сопствените потреби, а потоа и вишоците што ќе се извезуваат.

Кога зборуваме за увоз на месо за преработка, најголемиот дел се увезува од Европската унија - главно од Шпанија“, вели Будимовиќ и наведува дека свинското месо, како и секое друго месо, мора да биде означено со валидна декларација. „Ако на етикетата има српска тробојка (знаме), тоа значи дека суровините се од Србија, потсетува тој.

 Апелот на Министерството за земјоделство до кланиците е почесто да купуваат домашни свињи , а Будимовиќ нагласува дека на пазарот има малку домашни свињи.  

Извор: biznis.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...