Регион

Словенија: Инфлацијата во јули забави на 1,3%

07 Aug 2024

Заводот на статистика на Словенија соопшти дека потрошувачките цени во јули пораснале за 1,3% на годишно ниво, после порастот во јуни од 1,5%.

Најголем придонес во годишната инфлација од 0.4 проценти поени имале повисоките цени во рестораните и хотелите (+6,1), потоа следуваат цените на алкохолните пијалаци и тутунот (+5,2), разни добра и услуги (+4,3%) и производите и услугите за рекреација и култура (+3%) за 0,3 процентни поени.

Мерено според хармонизираниот индекс на потрошувачки цени, годишниот пораст на цените во јули изнесува 1,4%.

На месечно ниво, потрошувачките цени во јули имале пад за 0,1 отсто, после порастот во јуни од 0,4 отсто.

Најголемо влијание на месечната инфлација со 0,8 процентни поени имале ниските цени на облеката и обувките и ниските цени на храната кои додале 0,1 процентен поен во месечната дефлација.

 

Извор: SEE News

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...