Регион

Словенија: „Меркатор“ и Олимпискиот комитет ја засилуваат одржливоста

23 Jul 2024

Компанијата „Меркатор“ и Олимпискиот комитет на Словенија потпишаа договор за одржливост, во кој се обврзуваат на почитување на одржливите принципи во рамките на соработката и работењето.

Спортот има огромна моќ да ги обединува луѓето, да ги надмине бариерите и да ги промовира позитивните промени во општеството. Веруваме дека со својот придонес можеме да создадеме подобар свет за сите идни генерации, објави компанијата на својот профил на „Линкедин“.  

Договорот го потпишаа директорката на маркетинг во „Меркатор“, Викторија Радојевиќ – Мавриќ и директорот на Олимпискиот комитет на Словенија, Матиќ Шваб.

Неодамна, компанијата како спонзор на Олимпискиот комитет ја лансира кампањата „Гордо ги поддржуваме олимпијците“. Во рамките на кампањата, потрошувачите преку апликацијата на „Меркатор“ ќе можат да освојат   награди.

 

Извор/Фото: „Меркатор“/ „Линкедин“ 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...