Регион

Хрватска: „Подравка“ отвори нов погон за преработка на домати

18 Jul 2024

Компанијата „Подравка“ свечено го пушти во употреба новиот погон за преработка на домати во рамките на фабриката за овошје и зеленчук во Вараждин.

Во посета на новиот погон, покрај членовите на владата и претставниците од жупанијата и градот, беше и премиерот Андреј Пленковиќ.

Изградбата на овој погон е дел од инвестицијата вредна 13 милиони евра и има капацитет за дневна преработка на околу илјада тони свежи домати.

Денес го одбележавме почетокот на работата на новиот погон за преработка на домати, што воедно е голем чекор во зголемувањето на земјоделското производство за нашите потреби. Инвестицијата во новиот погон е дел од нашиот проект за зголемување на производството на домати и остварување на самоодржливоста со оваа суровина. Тоа значи дека сите домати во нашите најважни производи кои ги извезуваме низ светот ќе бидат од домати од хрватските полиња. Тоа се домати од најдобар квалитет, затоа што ќе бидат преработени во овој погон во рок од неколку часа после берењето. Им се заблагодарувам за довербата и соработката на сите наши коооперанти во Истра, Меѓуморје, Славонија, на вараждинсото, копривничкото и вировитичкото подрачје, а на оние од Истра и за повеќедецениската соработка. Нашата цел е да го зголемиме производството на домати до целосно искористување на овие капацитети, што значи дека кооператните можат да сметаат на „Подравка“ како цврст и долгорочен партнер во целиот циклус на садење, одгледување и откуп, изјави Мартина Далиќ, претседателка на управата на „Подравка“.

За потребите на новиот погон, компанијата годинава организира производство на домати на сопствени површини и на површините од своите кооператни во вкупна површина од околу 400 хектари. 

Како дел од инвестицијата „Подравка“ купи и два нови специјализирани комбањи за домати, приколки и друга опрема со цел да бербата на домати да биде поефикасна и да им се помогне на кооперантите во текот на целиот процес.

Извор: InStore.hr

Фото: „Подравка“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...