Хрватскиот државен Завод за статистика соопшти дека во јуни потрошувачките цени биле повисоки за 2,4 отсто во однос на истиот месец од претходната година.
Воедно тоа е и најниска стапка на инфлација од јуни 2021 година, кога изнесувала 2 отсто.
Гледано според главните групи, сите категории пораснале на годишно ниво со исклучок на цените на домувањето, струјата, водата, гасот и останатите горива кои имале пад од 0,3 отсто.
Најголем пораст кај цените е забележан во категоријата ресторани и хотели (+9,6%), потоа следуваат образованието (5,4%), здравство (5,1%), разни добра и услуги (4%), рекреација и култура (3,7%), алкохолни пијалаци и тутун (4%), превоз (3%), облека и обувки (2,2 %) и храната и безалкохолните пијалаци (1,8%).
Цените во категоријата за мебел, опрема за домовите и редовно одржување на домаќинството пораснале за 1,5 отсто, а комуникациите за 1 отсто.
Во однос на претходниот месец, инфлацијата останала иста, но забележан е пораст на цените кај категориите ресторани и хотели за 2,9%, рекреација и култура 1,6%, образование 1,1% и храна, пијалаци и тутун од 0,3%.
На месечно ниво пад на цените е забележан во категориите комуникации за 2,1 отсти и превоз за 1,2 отсто.
Извор: tPortal
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.