Регион

БиХ: Компанијата „Станиќ“ е нов сопственик „Бихачка пиварница“

16 Jul 2024

Сараевската берза соопшти дека хрватската компанија „Станиќ“ ја презеде сопственоста над „Бихачка пиварница“.

Договор за продажба и пренос на акции го склучи  сопственикот  и претседател на групацијата „Станиќ“, а се работи за преземање на 50 отсто од капиталот односно контролниот пакет на акции. Веројатно е дека „Станиќ“ ќе ги преземе и останатите акции на „Бихачка пиварница“, пренесува „Сибиз“.

Според последните податоци од Сараевската берза, номиналната цена на акциите на „Бихачка пиварница“ изнесува 10 км по акција.  

Најголем акционер во компанијата бил Адем Ибрахимпашиќ со речиси 49 отсто од акциите, а меѓу десетте најголеми акционери има неколку физички и правни лица.

 „Бихачка пиварница“ со својот производствен капацитет и асортиман, совршено се вклопува во деловната визија на групацијата „Станиќ“ која што е  заснована на пазарната позиција, воспоставените брендови и нашата речиси триесетгодишна соработка со „Хајнекен“, за кого сме  ексклузивени дистрибутери за Босна и Херцеговина каде што гледаме потенцијал за проширување на заедничката соработка во пазарниот регион и надвор од самата дистрибуција. Ние ја препознавме можноста за аквизција и многу кратко време постигнавме договор со претходните сопственици, семејството Ибрахимпашиќ, на кои сакал да им се заблагодарам за одличната деловна соработка при аквизацијата на „Бихачка пиварница“. Сигурни сме дека знаењето на групацијата „Станиќ“, кое го стекнавме во соработка со светски познати брендови во областа на пијалоците и знаењето што го поседуваме благодарение на менаџментот на најпознатиот хрватски бренд за сокови Juicy,  како и со Maraskа, ќе ја зајакне позицијата на производите на „Бихачка пиварница“ на пазарот во Босна и Херцеговина, како и во целиот регион. Притоа мислам  на безалкохолниот асортиман,  незгазирана вода и сокови, како и на пивото, каде  што реномиран домашен бренд ќе ја комплетира нашата понуда на пазарот, изјави Станиќ, пренесува „тПортал“.

Минатата година пиварницата пиварницата имаше приход од 6,1 милион конвертибилни марки, што е за два милиони конвертибилни марки помалку од претходната година.  

Со оваа аквизиција производствениот капацитет на групацијата „Станиќ“ ќе се зголеми за дополнителни 50 милиони литри и пет нови производни линии за стакло, PET, лименки и буриња.

 

Извор: Biznis.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...