Регион

Германија: „Велтинс“ оствари слаба продажба за време на ЕУРО 2024

15 Jul 2024

Пиварница „Велтинс“ пријави дека за време на Европското  првенство во фудбал кое се одржа во Германија, оствариле слаба продажба поради дождливото време и промените на потрошувачите.

Во текот на овогодишеното првенство, повеќето од навивачите натпреварите ги гледаа сами од дома, наместо да се собираат во поголем број и да пијат, изјави Мајк Хубнер, претставник на компанијата.

Компанијата пријавила продажба на околу 8 милиони хектолитри пиво во јуни, што е помалку во споредба со истиот период лани, како и со јуни во 2006 година, кога Германија беше домаќин на Светскиото првенство во фудбал, кога била остварена продажба на околу 11 милиони хектолитри.

Пиварницата е со седиште во западногерманската покраина Сарланд и за првата половина од годинава пријави дека  остварила пораст на обемот на продажбата за 4 отсто.

 

Извор: dpa

Фото: „Велтинс“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...