Регион

Србија: „Макси“ покрена иницијатива за донирање на вишок на храна

09 Jul 2024

Со цел да им се даде неопходна помош во храна на оние на кои им е најпотребна, трговскиот синџир „Макси“ покрена со програма за директно донирање на вишокот на храна на граѓаните. Оваа е прва ваква акција во Србија.

Во соработка со волонтерите од Банката за храна – Војводина и компанијата „Смурфит капа“, „Макси“ започна со секојдневно делење на бесплатни пакети на храна на вкупно 14 локации низ Србија.

Во Белград се одредени седум пунктови за делење на храна, две локации се во приградските општини, Обреновац и Младеновац, додека другите локации се во Нови Сад, Сремска Митровица, Шабац, Пожаревац и Стара Пазова.  

Хуманитарните пакети содржат пецива, овошје, зеленчук, како и други намирници на кои им се ближи истекот на рокот на траење или кои имаат оштетена оригинална амбалажа.

 Оваа иницијатива им значи многу на нашите корисници, бидејќи секојдневно им ја обезбедува потребната поддршка во храната и им го олеснува животот. Многу сме благодарни на „Макси“ што ја препозна важноста на темата за вишокот на храна и ја започна оваа благородна приказна. Без нив, но и без нашите партнерски организации, кои несебично се вклучени, храната не би стигнала до оние на кои навистина им е потребна. Посебно сме горди на нашите волонтери кои со голема посветеност и љубов ги пакуваат и дистрибуираат овие пакети, што дополнително придонесува за успех на целата иницијатива и го зајакнува чувството за заедница, изјави Срѓан Будимчиќ, основач на Банката за храна - Војводина

Програмата за директни донации ја поддржа компанијата „Смурфит капа“ која за оваа намена донира кутии со храна од супермаркетот „Макси“.

Извор: InStore.rs

Фото: „Делез“ - Србија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...