Регион

Словенија: „Меркатор“ отвори нов хипермаркет во Љубљана

05 Jul 2024

„Меркатор“ отвори нов хипермаркет во населбата Косезе во Љубљана, на на отворањето пред пристутните се обратија градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ и Само Горјуп, извршен директор за малопродажба во „Меркатор“.

Објектот има површија од 1.755 квадрати метри, поседува 150 паркинг места и на потрошувачите во него ќе им бидат достапни над 15.000 производи, меѓу кои и свежо месо, зеленчук, овошје и деликатеси.

Посебен акцент при креирањето на асортиманот е ставен на органските производи и специјализираните производи за деца, соопштуваат од компанијата.

Во хипермаркетот на потрошувачите ќе им биде достапна и винотека која нуди широк асортиман на домашни и странски вина.

По повод отворањето на хипермаркетот, компанијата врачи донација од од 1.500 евра на Доброволното пожарникарско друштво „Згорња Шишка“ и на Сојузот на спортски клубови „Илирија“.

 

Извор: InStore.si

Фото: „Меркатор“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...