Фабриката „Бамби“ во Пожаревац во саботата беше зафатена од голем пожар, а противпожарникарните екипи успеале да го локализираат пожарот и безбедно да ги евакуираат вработените.
Како што пренесува „РТС“, повикувајќи се на неофицијални информации пожарот избувнал на покривната конструкција која е на површина од 500 квадратни метри, во пожарот немало повредени а причините за настанувањето сѐ уште се утврдуваат.
На фотографиите и снимките кои се објавени на Инстаграм профилот „192 рс“ може да се забележи дека чадот од пожарот бил видлив низ целиот град и во неговото гаснење учествувале голем број на пожарникари.
Српските портали пренесуваат дека во гаснењето на пожарот биле ангажирани 40 пожарникари – спасувачи и 14 возила на Противпожарно – спасувачките бригади од Пожаревац, Смедерево, Јагодина и Белград.
Извор: РТС
Фото: Принтскрин/Pozarevaconline
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.