Регион

Србија: Дарко Лукиќ е нов генерален директор на „Нелт“

02 Jul 2024

Дарко Лукиќ е назначен за генерален директор во „Нелт група“, откако повеќе од три години беше на позицијата извршен потпретседател на компанијата.

Заедно со менаџментот на тимот, во следниот периот ќе продолжат во спроведувањето на деловната стратегија на компанијата со фокус на засилување на целите на организацијата, стратегискиот развој на брендовите на пазарите во Африка и во регионот Адриа.

Ова е многу посебен ден за мене, бидејќи претставува ново поглавје во мојот професионален живот. Денеска сум на терен со вработените, бидејќи луѓето се тие што ја сочинуваат компанијата, тие се нашиот најважен ресурс. Сакам да ги слушам вработените, да ги слушнам нивните потреби, идеи и размислувања. Покрај тоа, да разговарам со купувачите, директорите и сите надворешни клучни соработници со цел да се обезбеди најдобра услуга и производи. Како компанија, продолжуваме стратешки со трансформацијата која се основа на здрава организација, инвестиции во дигитални иновации и диверзификација на работењето на „Нелт“, изјави Лукиќ.

Лукиќ е во „Нелт група“ од 2021 година и има долгогодишно искуство во корпоративно раководење на високи позиции. Во компанијата „Кока кола хеленик ботлинг компани“ работел на стратегиски проекти во канцеларијата на генералниот директор, додека во компанијата „Проктер & Гејмбл“ повеќе од 11 години работел на неколку високи, групни менаџерски функции во делот на финансиите. Во компанијата „Нелт“ значително придонел во креирањето и реализацијата на стратегиските проекти и иницијативи.

 

Извор: InStore.rs

Фото: Промо „Нелт“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...