Државниот завод за статистика на Хрватска соопшти дека малопродажбата во државата бележи пораст 14 месеци по ред.
Од Заводот соопштија дека потрошувачката на месечно ниво бележи пораст од 0,6% и 8,4% на годишно ниво.
Во исто време прометот во малопродажбата со храна пијалаци и тутунски производи е зголемен за 4,6% додека прометот од малопродажбата со непрехранбените производи, освени моторните горива и масла, бил во пораст за 11,4%.
Порастот во мај бил побавен во однос на април кога на годишно ниво изнесувал 8,6%.
Во првите пет месеци од годинава прометот во малопродажбата бил зголемен за 8,6% во однос на истиот период лани.
Извор: tPortal
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.