Регион

Словенија: Нови инвестиции во „Палома“

05 Jun 2024

Компанијата „Палома“ го одбележа завршувањето на инвестициите вредни  над 130 милиони евра во најсовремени технологии, со кои фабриката станува регионален центар за одржливо производство, квалитетни производи и услуги.

 Овие инвестиции ја осигуруваат долгорочната перспектива на традицијата на производство на хартија во Сладки Врх, како и ја одржуваат репутацијата на пазарната позиција на „Палома“ и на меѓународната „СХП група“.

На настанот на кој со одбележа инвестирањето присуствува словенечкиот премиер, Роберт Голоб, министерот за економија, туризам и спорт, Матјаж Хан, претседателот на „Еко инвестмент“, Милан Фило и претседателот на „Палома“, Стеван Ломиќ.

Инвестициите под името „Проџект мотион“ кои надминаа над 130 милиони евра опфаќаат две нови линии за конверзација, забрзана и унапредена палетизација и автоматизирано складиште со високи полици. Новото автоматизирано складиште за чија изградба беше потребно рушење на старите згради и изградба на нови, има десет спратови и 24.769 палетни места. Тоа овозможува ефикасен транспорт, без создавање на тесни „грла“, 100% следење на палетите и пониски оперативни трошоци за складирање и интерна логистика.

 Како и поголемиот број на индустрии, индустријата на хигиенска хартија во Европа мораше да се соочи со тешки пазарни услови. Незамисливо е зголемувањето на влезните трошоци и  флуктуирачката достапност на материјалите имаа големо влијание на нашата работа. Но како компанија која што размислува за иднината, докажуваме дека и во такви периоди способни да направиме големи инвестиции, кои ќе бидат клучни за идните добри перформанси на нашата компанија, изјави Стеван Ломиќ, генерален директор на „Палома“.

Извор: InStore.rs

Фото: „Палома“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...