Како дел од трговската франшиза на „Метро“ отворена е нова продавница „Јутро“ во Обреновац, со што бројот на отворените продажни објекти на компанијата во Србија достигна до четириесет.
Продавницата е отворена на местото на „Звончица БМ“, а сопствениците на објкетот имаат вкупно 12 продавници и оваа е првата која им се приклучи на франшизата „Метро“.
Во последната година во Србија се отворени продавници на „Јутро“ во Белград, Ниш, Лесковац, Нов Бечеј, Ваљево, Баточина, Јагодина, Чуприја, Долјевац, Књазевац, Обреновац како и во Дивчибара, каде што свечено беше отворена првата продавница од оваа франшиза.
Од неодамна компанијата покрена и нова веб страница која е посветена на оваа програма, со идеја тоа да биде своевиден мрежа каде што заинтересираните самостојни трговци ќе можат да ги најт сите потребни информации.
На вебстраницата можат да се најдат сите детали за франшизата, погодностите кои „Метро“ им ги нуди на своите партнери, но и многу совети кои се однесуваат на започнување на сопствен бизнис.
Извор: InStore.rs
Фото: „Метро“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.