Малопродажниот трговски синџир „Гомекс“ отвори два нови маркети во Пожаревац и Куцура.
Во Пожаревац, на адреса Иво Лола Рибар бр.25, со работа започна четвртиот продажен објект на „Гомекс“.
Новата продавница располага со продажен простор од 196 квадратни метри, во кој е вклучена и пекарница, а во маркетот се вработени седум лица, соопштуваат од компанијата.
Втората продавница која ја отвори „Гомекс“ е во Куцура и е со продажен простор од 239 квадратни метри,во неа се вработени седум лица, а на купувачите ќе им бидат достапни над 5.000 артикли, како и свежи пекарски производи.
На денот на отворањето на новите продавници, за купувачите бил обезбеден попуст од 10% на вкупната сметка.
Извор: InStore.rs
Фото: „Гомекс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.