Во Белград се одржа „Ракија фест“ на кој се преставија производителите на на овој алкохолен пијалак, а најдобрите од нив освоија награди.
Извозот на ракија од Србија од година во година бележи пораст и се проценува дека во моментов изнесува околу 25 милиони евра.
Производителите на ракија велат дека сакаат да ги зачуваат старите и автохотони сорти на сливи, како што се црвената ранка, пожегача и чачанска убавица, кои претставуваат исклучителна суровина за производство на врвна ракија.
Српската ракија веќе станува бренд, а нејзината иднина е во новите технологии за дестилација. На фестивалот за ракија се претставија дваесет и тројца производители.
Најважно од се е потрошувачите разбираат што можат да купат во редовна продажба. Шишињата имаат етикети, акцизна маркица, хемиска анализа, ги исполнуваат сите стандарди и тоа е пред се контрола за квалитет на производот, здравјето и на крајот нешто од кое што се полни буџетот, изјави Бранко Нешиќ, организатор на фестивалот.
Извор: biznis.rs
Фото: Freepik
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.