Регион

БиХ: „Лидл“ инвестира 100 милиони евра во дистрибутивен центар

13 May 2024

Претставниците на „Лидл на 23.мај свечено ќе го постават камен темелникот на првиот логистичко – дистрибутивен центар во БиХ.

 Се работи за Центар чија изградба веќе е започната на локацијата Лепеница, помеѓу Сараево и Кисељак, за што претходно пишуваше InStore .

 Изградбата на објектот, кој ќе се протега на површија од 60.000 квадратни метри, ќе чини 100 милиони евра.

 Како што пренесува банкар.ме, капацитетот на дистрибутивниот центар ќе изнесува 40.000 палетни места, а крајот на изградбата е планиран за декември 2025 година.

 Компанијата „Лидл“ неодамна го отвори својот трет најголем логистичко – дистрибутивен центар во Хрватска, во Криж на истокот од Загребската жупанија, а покрај тоа во процес е и купувањето на земјиште за изградба на логистички центар во Зета.

 Извор: Instore.rs

Фото: „Лидл“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...