Регион

Србија: „Нестле“ со иницијатива за здрава исхрана на учениците

04 Dec 2023

Компанијата „Нестле“ тринаесет години по ред го спроведуваат проектот „РастемеЗдраво“, чија цел да да се промовираат здравите стилови на живот кај учениците. 

За дополнително да ја подигне свеста во јавноста за значењето на правилната исхрана, покрај физичката активност, компанијата ја покрена и „ЗдравоЈадеме“, која има а цел да посочи на балансираните оброци.

„Нестле“ во рамките на проектот „ЗдравоРастеме“, заедно со Институтот за јавно здравје на Србија „д-р Милан Јовановиќ-Батут“, во 2022 година спроведе истражување за прехранбените навики на децата во основните школи во Република Србија. Истражувањето опфатило над 5.500 ученици од 101 основно училиште во 23 окрузи на Белград. Резултатите покажале дека 75% редовно појадувале, додека секое четврто дете не практикувало редовен појадок. Околу 60% од децата во нивната исхрана редовно вклучувале овошје, додека зеленчукот бил на менито на околу 55% од нив. Речиси половина од децата планирале промена во своите прехранбени навики, а 15% од нив додека траел проектот „ЗдравоРастеме“, успеале да направат позитивни промени, како што е зголемуве на внесот на овошје и зеленчук и отстранување на газираните сокови и брзата храна.

Од компанијата посочуваат дека во рамките на иницијативата „ЗдравоЈадеме“, креирале едукативни материјали како што се „ЗдравоЈадеме кувар“ „Чинија“ и „39 рецепти“, кои им давале на родителите насоки и инспирација како да направат здрави оброци.

 Претставено е и посебно издание на куварот „ЗдравоЈадеме кувар  за сите сетила“, креиран во соработна со арт-фуд уметничката, Данче Томашевиќ, позната како @mama.sa.limana.

Заедно со нутриционистите на „Нестле“, уметничката креирала 14 избалансирани оброци кои ги претворила во „вистинско уметничко дело во чинија“, наведуваат од компанијата.

Секој момент поминат со децата треба да биде можност за развивање на здрави навики кои ќе ги следат целиот живот, а креирањето на нутритивно богати оброци со „ЗдравоЈадеме кувар за сите сетила“, никогаш не било полесно и позабавно, соопштуваат од компанијата.

 

 

 

Извор: InStore.rs.

Фото: Нестле-Србија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...