Владата на Црна Гора го донесе Предлог-законот за управување со отпад, со кој меѓу другото, се дефинира забраната за употреба на лесни пластични кеси за носење, со дебелина од 15 до 50 микрони, на продажно место на стоки или производи, кој ќе се применува по истекот на шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Дозволено е користење на лесни пластични кеси за носење со дебелина до 15 микрони на местото на пакување на стоки или производи. Трговецот кој користи лесни пластични кеси за носење со дебелина од 50 микрони или повеќе, ќе плати такса. Средствата од оваа такса ќе се уплатуваат на сметката на Фондот за заштита на животната средина и можат да се користат само за финансирање и кофинансирање активности за подигање на свеста и обезбедување информации до јавноста и кампањи за штетноста од употребата на пластичните кеси врз животната средина, појаснуваат од Владата.
Со цел да се усогласи управувањето со отпадот со законодавството на Европската Унија, со Предлог-законот беа транспонирани дванаесет директиви и една регулатива на ЕУ.
Посебно внимание се посветува на транспонирањето на одредбите поврзани со програмата за проширена одговорност на производителот, со цел воспоставување ефикасен организиран систем на преземање, собирање и преработка на отпадот од: пакување, електрична и електронска опрема, батерии и акумулатори, возила, гуми, пластични производи за еднократна употреба и опрема за риболов што содржи пластика.
Проширената одговорност значи дека увозниците и производителите во Црна Гора ја имаат целата организациска и финансиска одговорност за отстранување на овој вид отпад.
Покрај другото, предвидено е и формирање инспекција на државно ниво, чија основна задача ќе биде контрола на спроведувањето на локалните планови за управување со комуналниот отпад.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.