Регион

Србија: БДП во 2022 година се зголеми за 2,5 отсто

03 Oct 2023

Во 2022 година бруто домашниот производ реално пораснал за 2,5 отсто, објави српскиот Републички завод за статистика, додека номиналниот раст на БДП изнесува 13,2 отсто.

Номинално, БДП на Србија во 2022 година изнесувал 7.097 милијарди динари.

Гледано по активности, лани најзначајно учество во формирањето на БДП има преработувачката индустрија со 13,5 отсто, трговијата на мало и големо и поправка на моторни возила со 12 отсто и бизнисот со недвижности 6,9 отсто.

Гледано според начинот на искористување на БДП, учеството на расходите за индивидуална потрошувачка на домаќинствата изнесува 67,1 отсто, индивидуалната потрошувачка на државата 9,4 отсто и колективната потрошувачка на државата 6,8 отсто.

Бруто инвестициите во основни средства изнесуваат 24,2 отсто, извозот на стоки и услуги 63,8 отсто, и увоз на стоки и услуги 74,8 отсто.

По дејности, во 2022 година, најголем реален раст на бруто додадената вредност (БДВ) оствариле услугите за сместување и храна, 32 отсто, рударството 23,3 отсто и секторот уметност, забава и рекреација 9,2 отсто.

Реален пад на ДДВ е забележан во градежништвото од 9,8 отсто, земјоделството, шумарството и рибарството од 8,3 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 6,8 отсто.

Потрошувачката на домаќинствата лани е зголемена реално за 3,9 отсто, индивидуалната државна потрошувачка за 0,2 отсто, а колективната државна потрошувачка за 0,6 отсто, бруто инвестициите во основни средства за 1,9 отсто.

Извозот реално е зголемен за 16,6 отсто, а увозот за 16,1 отсто.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...