Регион

dm дрогерие маркт обезбеди јубилејни парични награди за своите вработени

02 Oct 2023

Компанијата „dm дрогерие маркт“ во пресрет на 20-годишнината од своето работење во Србија, кое ќе се одбележи во текот на 2024 година, обезбеди јубилејни парични награди за своите вработени.

Секој вработен кој поминал 20 години во dm, ќе добие една цела дополнителна плата, додека сите останати вработени ќе бидат наградени сразмерно со стажот во команијата, со не помалку од 25.000 динари.

Освен тоа, на вработените во dm им следуваат и редовна 13. и 14. плата во 2023 година, што е практика која е позната за компанијата од почетокот на нејзиното работење во Србија.

„Со овој гест сакаме да се заблагодариме на секој вработен за одговорната работа, како и на придонесот во развојот и напредокот на компанијата dm на српскиот пазар. Тие се заслужни што за нашата компанија се поврзуваат епитетите одговорно работење, кредибилитет, врвна услуга и доверба. Сликата на нашата компанија како еден од најсаканите брендови на пазарот во Србија, се гледа токму во односот кој го негуваме кон вработените, купувачите и целокупната заедница. Се надеваме дека ќе го мотивираме поширокото деловно опкружување на слични потфати кои ќе го унапредат економскиот развој на пазарот во целина, додека заедно се впуштаме во следните 20 години авантура и успех“, изјави Александра Оливера Коричи, директорка на „dm дрогерие маркт за Србија и Северна Македонија“.

Од компанијата додаваат дека покрај награда, вработените имаат пристап до бројни бенефиции, вклучително пазарно конкурентна заработка, грижа за здравјето на вработените преку бесплатни систематски прегледи, „smart working” концепт кој нуди можност за работа од дома, професионално усовршување и едукација, како и бројни активности за децата на вработените.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...