Регион

„Виолета“ прати хигиенски производи во Словенија

24 Aug 2023

Компанијата „Виолета“ во Словенија прати шлепер со хигиенски производи наменети за граѓаните загрозени од поплавите. 

Меѓу донираните производи, меѓу другото, се влажни марамчиња, хартиена галантерија, како и хигиенски производи за бебиња и за жени. 

Солидарноста, заедништвото и грижата за нашата заедница се сега најважни, а „Виолета“ тоа го докажува и со оваа донација, соопштија од компанијата.  

Производите ќе им бидат врачени на граѓаните преку соработката со словенечкиот Црвен крст. 

На овој начин, „Виолета“ се запиша на списокот компании кои донираа за помош на загрозените граѓани, а меѓу кои се и трговци како „Хофер“, „Шпар“ и „Меркатор“.

Извор: Indikator.ba
Фото: Violeta

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...