Регион

БиХ увезе алкохол во вредност од 61 милион евра

14 Aug 2023

Според податоците на Управата за индиректно оданочување на Босна и Херцеговина, во првите шест месеци од годинава во Босна и Херцеговина се увезени повеќе од 61 милион евра алкохол.

Како што се наведува во овие податоци, пивото било најмногу продадено за половина година, околу 40 милиони евра. Следува увоз на ракија, ликери и други јаки алкохолни пијалаци за околу 10 милиони евра, а вино за околу 9 милиони евра.

Од вкупното количество алкохол увезено во Босна и Херцеговина, најмногу алкохол е увезен од Србија, потоа од Хрватска и од Словенија.

Од друга страна, за шест месеци од оваа година БиХ извезла алкохол во вредност од нешто помалку од 10,2 милиони евра. Најмногу алкохол е извезен во Србија, потоа во Хрватска и во Словачка, покажуваат податоците на Управата за индиректно оданочување на БиХ.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...