Црвениот крст на Словенија и „Шпар“- Словенија организираат акција за собирање производи за секојдневна употреба што ќе им ги поделат на граѓаните погодени од поплавите во земјата.
Купувачите можат да донираат храна со подолг рок на траење и производи за хигиена, во обележани колички во продавниците на „Шпар“ и „Интершпар“ ширум Словенија, по што волонтерите на Црвен крст ќе ги достават до каде е потребно.
Препорачливо е да се донираат производи како што се конзервирана храна, намази, сосови, тестенини, овошје и зеленчук, палента, гриз, млеко, масло за јадење, кафе, кондиторски производи, грицки, но и пелени, средства за хигиена.... Веруваме дека секој од нас може да помогне, бидејќи многу пати докажавме дека сочувствуваме со луѓето во неволја и знаеме да им помогнеме. Им благодариме на сите што ќе се вклучат во помошта во соглсност со своите можности, соопштија од „Шпар“.
Компанијата веќе донираше пакети со храна во словенечкиот Црвен крст, во неколку противпожарни единици и во општина Дравоград за луѓето на кои помошта им е потребна и за волонтерите кои помагаат на терен.
Извор: InStore.si
Фото: Spar
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.