Регион

Нова програма на маркетите „Волт“ - „velikiMALI“

11 Aug 2023

Во Центарот за култура во Нови Пазар се одржа првата инфосесија во рамките на програмата velikiMALI, која ја лансира компанијата „Волт“, наменета за малите производители на кои им се дава можност да го прошират пазарот за своите производи во Белград и Нови Сад преку каналите за онлајн-продажба.

Целта на настанот е да ги информира заинтересираните производители на свежи и преработени прехранбени производи, како и козметика, текстил и други непрехранбени производи за деталите за потенцијална соработка со маркет „Волт“. Сите присутни имаа можност да ги претстават своите производи на поединечни состаноци.

Производите за кои ќе се одлучиме ќе бидат влистани бесплатно и достапни преку нашата апликација, а дополнително ќе обезбедиме максимална маркетинг-поддршка за производите да бидат што подобро промовирани и да го најдат својот пат до потрошувачите, рече Хамза Паљевац, претставник на „Волт“.

Во текот на следните два месеца слични настани ќе се организираат и во Лесковац, Бор и Крушевац, со цел во програмата да се вклучат што повеќе продуценти.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...