Регион

Просечната плата во Црна Гора е речиси 800 евра

30 Jun 2023

Просечната плата без даноци и придонеси во мај изнесува 793 евра, што е зголемување за 0,9 отсто во однос на април.

Споредено со истиот период лани, просечната нето-плата во Црна Гора е зголемена за 11,7 отсто, покажуваат податоците на Монстат.

Како што се наведува, просечната бруто плата за последниот месец изнесува 988 евра.

Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во мај 2023 година забележаа пораст од 0,5 отсто во однос на април 2023 година, произлегува дека реалните плати за истиот период бележат пораст од 0,4 отсто, стои во соопштението.

По дејност, просечните плати без даноци и придонеси во мај во однос на претходниот месец бележат пораст во секторите: сместувачките и угостителските услуги за 2,8%, земјоделството, шумарството и рибарството за 1,9%, управните и помошните услужни дејности за 1,8%, државната управа и одбраната: задолжително социјално осигурување 1,8%, здравствена и социјална заштита 1,6%.

Зголемена е заработката и кај градежните дејности за 1,5%, трговијата на мало и големо, поправка на моторни возила и мотоцикли за 1,4%.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...