Регион

Награди: „Конзум“ и „Студенац“ се најдобри трговци во Хрватска

29 мај 2023

„Студенац“ и „Конзум“ се добитници на наградата „Златна кошница“ за 2022, што ја доделува магазинот „Јас трговец“ за најдобри остварувања во малопродажбата и индустријата на стоки за широка потрошувачка. 

Наградата се доделува осма година по ред. 

Добивањето на наградата во главната категорија е симболична круна на петгодишната работа на трансформацијата и развојот на „Студенац“. Благодарност до сите вклучени во оценувањето што го препознаа нашиот силен раст и трансформацијата во модерна компанија. Упорноста, преданоста и мотивацијата на целиот тим на „Студенац“ стои зад сите овие постигнувања. Продолжуваме по истиот пат, изјави Миранда Младин, директорка за маркетинг во „Студенац“. 

Голема чест е да се прими „Златна кошница“во годината во која одбележуваме 65 години постоење. Горди сме што ова е четврта награда за „Конзум“ за „трговец на годината“. Добиваме потврда за квалитетот на нашето работење во кое континуирано придонесуваме за заедницата и се докажуваме како вистински избор за нашите купувачи, доверлив партнер за добавувачите и добар работодавец за нашите вработени, изјави Зоран Митрески, претседател на Управата на „Конзум“. 

Награда за најдобар производител освои „Кромарис“, за општествено одговорна компанија наградата ја понесе „Дукат“, најдобар мал трговец е загребскиот „Креденец“, а најдобар технолошки добавувач е „Маркер“ од Вараждин. 

Извор/Фото: Ja Trgovac



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...