Регион

Словенија: „Фруктал“ лансираше ограничено пакување сокови

16 May 2023

„Фруктал“ претстави посебна, ограничена серија на Superior и Classic амбалажата за сокови со илустрации од словенечки знаменитости. 

Дизајнот на новата амбалажа вклучува илустрации од Випавска долина, Триглав, Пиран, Мостот на Соча, Блед и Солине. 

Возбудени сме што можеме да ја откриеме оваа посебна, ограничена анмалажа за Fructal соковите. Како бренд со долга традиција, горди сме на богатата култура и природните убавини на нашата земја, а оваа амбалжа ни овозможува гордоста да ја споделиме со нашите потрошувачи. Пред нив сакаме да го истакнеме нашиот ангажман во локалната средина и желбата за зачувување на традицијата за одгледување на словенечкото овошје, изјави Наташа Јокиќ, директорка за маркетинг, истражување и развој за „Фруктал“. 

Ограничената серија на пакувањата е изработена од еколошки прифатливи материјали.

Извор: InStore.si
 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...