Хрватски „Студенац“ ќе отвори 120 нови продавници и ќе склучи три аквизиции до крајот на оваа година. Тоа го најави Михал Кеџија, партнер за Адриа Регионот во компанија „Ентерпрајс“.
Објаснувајќи ја моменталната состојба на неговите компании на домашниот пазар, Кеџија нагласи дека со оглед на големината на поединечните локални економии, тие особено сакаат да ги разгледаат можностите за инвестирање во компании кои нудат платформи за проширување во регионот и пошироко.
„Студенац“ лани отвори 70 нови продавници, а до крајот на 2023 година ќе отвори 120, рече Кеџија и додаде дека до летово ќе се знае кои три нови аквизиции ги очекува „Студенац“ во 2023 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.