Малопродажниот гигант „Лидл“ минатата година оствари 1.05 милијарди евра приход, што е 19,22 отсто повеќе од годината претходно (2021 година). Истовремено, добивката изнесуваше 52 милиони евра и беше поголема за околу 1 отсто, покажуваат податоците на Финансиската агенција на Хрватска.
Силно растеше и просечната нето - плата: минатата година скокна на 1.534 евра, што е 34 отсто повеќе од годината претходно. Меѓутоа, „Лидл“ лани го намали бројот на работници - има околу 2.800 вработени, што е за околу 50 помалку од 2021 година, анализира хрватскиот портал „Даница“.
„Кауфланд“, сестринската компанија од германската „Шварц група“, лани оствари промет од 635,5 милиони евра, што е раст од 12 отсто. Нето - добовката е двојно поголема и изнесува 16 милиони евра. Бројот на вработени е околу 2,600 и е зголемен за 500 лица. Но, просечната плата е значително пониска во споредба со платата од пред две години. Минатата година просечната нето - плата во овој синџир беше 1.046 евра, што е за околу 200 евра помалку во споредба со 2021, покажуваат податоците на Финансиската агенција.
Вкупно, двете компании во Хрватска годишно остваруваат приходи од близу 1,7 милијарди евра и нето - добивка од 68 милиони евра и вработуваат околу 5.400 работници.
Извор: Investitor.me
Фото: Lidl
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.