„Ноблевуд група“ отвори фабрика за производство на вотката Beluga во Никшиќ, Црна Гора. Со отворањето на фабриката, Црна Гора станува база за еден од најпрестижните и најпрепознатливи брендови пијалаци во светот, Beluga Noble вотка, соопштија од тамошната влада.
Компанијата во Никшиќ веќе вработи 200 работници во производство, администрација и логистика, додека канцеларијата за маркетинг и продажба брои уште 50 вработени.
Според најавите, веќе во следниот квартал компанијата ќе почне да произведува премиум џин и премиум рум, а планирано е и лансирање на нов пијалак со понизок процент на алкохол, Beluga Adriatic Botanicals.
Извор: eKapija
Фото: unsplash/Nathan Powers
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.