Регион

Нов директор на фабриката „Нестле“ во Сурчин

10 Apr 2023

Нов директор на фабриката „Нестле“ во Сурчин е Џамадаги Кандиге, кој оваа функција ќе ја преземе од 1 јули.

За време на неговата речиси триесетгодишна кариера во „Нестле“ имаше многубројни менаџерски позиции во производството низ светот, вклучително и во Индија, Филипините, Малезија, Украина, Молдавија и Велика Британија.

Кандиге во моментов е директор на фабриката за производство на храна за домашни миленици „Нестле“ во Англија, каде што значително ги подобри методите на работа и постигна одлични резултати, дури и за време на особено предизвикувачкиот период на пандемијата.

На оваа позиција повеќе години беше Тања Жигиќ.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...