Најголемите акционери во хрватскиот трговски синџир „Певекс“ покренаа иницијатива за продажба на своите удели, пишува „Јутарњи лист“. Можната цена е 500 милиони евра.
Како советник за продажбата е избрана компанијата „КПМГ“ која би требало да подготви потребното за собирање на иницијалните понуди од потенцијалните инвеститори.
Павел Вујновац, Јурица Ловринчевиќ и Марио Радиќ како три најголеми акционери во „Певекс“ се подготвени да ги продадат своите удели во компанијата која изминатите години го помина патот од стечај до пазарен лидер во сегментот „направи сам“. Во моментов „Певекс“ има 2.200 вработени, 27 продажни центри и од порастот на онлајн продажбата оваа година очекува приходи од околу 2,7 милијарди куни. „Повеќе акционери покренаа иницијатива за продажба на уделите и можам да потврдам дека и јас сум меѓу нив. Дали на крајот од процесот сите ќе ги продадат уделите, ќе зависи од вкупниот пакет понуди на заинтересираните инвеститори, потврди Павел Вујновац, сопственик на „Енергија натуралс група“, која е најголем акционер во „Певекс“ со удел од 37 отсто.
Покрај германскиот гигант „Оби“ и словенечки „Меркур“, повик за купување акции добиле и турски „Коч“ и романски „Дедеман“.
Минатогодишната нето - добивка на „Певекс“ изнесуваше 262 милиони куни.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.