Регион

Трговците во Црна Гора креираат антиинфлаторна корпа

16 мар 2023

Министерство за економски развој на Црна Гора во договор со претставниците на трговските синџири креира програма наречена „Стоп инфлација“ која подразбира дефинирање антиинфлаторна корпа која ќе содржи најмалку по еден артикл ос 25 осоновни прехранбени производи. 

Во моментов, вклучени се трговските синџири „Воли“, „Меркатор“, „Лаковиќ“ и “Франца“. Има најави дека ќе се вклучат и други трговци.  

Изборот на конкретниот артикл од дефинирана листа производи го прави самиот трговец и ја формира цената согласно претходно постигнат договор. Трговската маржа во малопродажбата не треба да биде над 5 отсто, а на исто толку, 5 отсто, е лимитирана и маржата во големопродажбата. 

Секој ваков производ во маркетите ќе биде означен со лого „Стоп инфлација“ и ќе има минимална цена. 

Сега, на листата се наоѓаат јајца, сирење, јогурт, млеко, компир, ориз, грав, макарони, пилешко месо, суво свинско месо, сардини, млечно чоколадо, мелено кафе, разни сокови, храна и шампон за бебиња, пелени за бебиња, шампон за возрасни, детергент...

Извор: Vijesti.me
 

 

 

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...