Регион

Се продава фабриката за бонбони „Кондива“

15 мар 2023

Компанијата „Симпо“ од Врање објави продажба на недвижниот имот на фабриката „Кондива“ од Бујановац.

Како што објави порталот eKapija, имотот се наоѓа во село Жбевац, а на продажба се фабрика за слатки и производствен капацитет за прехранбена индустрија и пијалаци, градежно земјиште, опрема, мебел и сл.

Почетната цена на имотот објавен на продажба е 3,86 милиони евра.

Како што е наведено, имотот се продава исклучиво како единствен ентитет.

Отворањето на понудите ќе се одржи на 20 март.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...