„ПИК Врбовец“ обезбеди бесплатни хигиенски влошки за над 700 вработени жени во компанијата. Во две женски соблекувални во производствениот објект и во женските тоалети на „ПИК Врбовец“ беа поставени уреди со хигиенски влошки.
На овој начин продолжи проектот Месец на здравјето на жените, дел од кампањата на Службата за човечки ресурси на компанијата – „ПИКирам здравје“, која промовира здравствена заштита на работното место и здрави навики.
„ПИК Врбовец“ со редовно одржување на едукативни активности покажува континуирана грижа за здравјето и благосостојбата на своите вработени и ги поттикнува да ги интегрираат здравите животни навики, изјави директорката на Секторот за човечки ресурси, правни и општи работи, Мартина Павиќ.
На овој начин „ПИК Врбовец“ даде свој придонес во пошироката иницијатива за борба против менструалната сиромаштија, со оглед на тоа што повеќе од 10 отсто од жените во Хрватска не можат да си дозволат да купат хигиенски влошки.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.