Генералниот директор на „МК груп“, Михаило Јанковиќ, на 24 февруари беше избран за нов претседател на Српската асоцијација на менаџери на XVI Изборно собрание на тоа здружение.
Таа функција, која ќе ја извршува во наредните три години, ја презеде од Драгољуб Дамљановиќ.
Како што се наведува во соопштението, Јанковиќ има долгогодишно искуство во управување со корпоративни системи, како и во делот на деловната и стратешка трансформација на компаниите со цел одржлив пораст и развој на бизнисот. Добитник е на Годишната награда на SAM за менаџер на годината во 2019 година, како и на наградата за промоција и развој на лидерство кај младите. Долги години е ментор, предавач на Академијата SAM и учесник во различни активности кои придонеле за ширење на знаењето, поддршка на менаџерите и бизнисот во најширока смисла.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.