Владата на Србија донесе одлука за воведување увозен данок од 15 динари за литар млеко и 30 динари за килограм за сирење „гауда“.
Образложението е дека со оваа одлука се настојува да се стабилизира ситуацијата и да се запре падот на цената на откупеното млеко, како и да се заштити домашното производство од прекумерен увоз.
Млекопроизводителите ја поздравија одлуката и велат дека тоа е изнудена одлука, но најдобра можна во ваква ситуација.
Домашниот пазар е преполн со млечни производи кои им се нелојална конкуренција на домашните.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.