Синџирот дрогерии dm во Србија лансира мобилна апликација Moj dm, што претставува надградба на лансираната онлајн - продавница.
Во центарот на целиот наш бизнис, вклучувајќи ја и дигиталната трансформација, се луѓето. Како еден од водечките трендсетери на пазарот, кој стана омилено шопинг-место за многу граѓани, ја развивме и апликацијата со идеја да биде практична и корисна, изјави Светлана Јовановиќ - Митиќ, раководител на секторот за маркетинг и комуникации.
Со апликацијата My dm клиентите имаат можност лесно да ја истражат палетата од над 9.000 производи во неколку категории: бебиња и деца, исхрана, домаќинство, домашни миленици, шминка, нега и парфеми, коса, мажи и здравје. Нарачката ќе биде доставена во рок од два до пет работни дена на адресата, до саканата dm дрогерија или до пакетоматот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.