Новиот малопродажен објект на „Универекспорт“ во Кикинда беше отворен на 26 јануари на адреса Војводе Путника, бр. 4.
Како што соопштуваат од компанијата, со новиот објект „Универекспорт“ продолжува да ја проширува мрежата на малопродажни продавници во овој град. На површина од 229 квадратни метри продажен простор, новиот маркет располага со асортиман од повеќе од 3.600 артикли.
Особено се гордееме со домашните производи на „Универекспорт“ – органските производи под брендот Organa, како и месните деликатеси и свежото месо Bačka, кое пристигнува од нашата фарма до продавницата за помалку од 48 часа. Асортиманот го сочинуваат и нашите приватни трговски марки Baš Baš, Naše najbolje и Daj Daj, кои се карактеризираат со одличен сооднос цена-квалитет, велат од „Универекспорт“.
Ова е 185. објект во малопродажната мрежа на „Универекспорт“, со кој оваа година почнува серијата нови отворања.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.