Регион

Словенија: „Шпар“ е добитник на наградата за иновативна храна на годината

26 Jan 2023

Производите Droženi kruh со семе од пекарница „Шпар“ и SPAR TO GO веганскиот сад ја освоија наградата за најиновативни намирници на годината, која се доделува под покровителство на Институтот за исхрана на Словенија.  

Свежиот ветар на иновации во нашиот Drožen kruh главно е во подготовката на семињата. Обично се потопуваат во кисело тесто или во вода, но во овој случај се потопени во квасец, што е иновативно, информираа од пекарница „Шпар“ за процесот на производство на овој леб.

Компанијата и претходно беше наградувана за леб од цело зрно, тартар леб, леб со квасец, леб од јачмен со намалено количество сол и премиум леб со тиква. 

Од друга страна, SPAR TO GO садовите со готови оброци освоија две награди во категоријата готови производи. За таа прилика компанијата беше наградена за SPAR TO GO MVPсадот со топол оброк со пилешко и SPAR TO GO TIME-OUT кој подразбира овошна салата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...