Најголемите акционери на „Певекс“ покренаа иницијатива за продажба на своите удели, пишува „Јутарњи лист“. Можната цена е 500 милиони евра.
Тројцата најголеми акционери во трговскиот синџир се подготвени да ги продадат своите удели во компанијата, која во изминатите години го помина патот од стечај до пазарен лидер во сегментот „направи сам“. Сега „Певекс“ има 2.200 вработени, 27 продажни центри и со порастот во онлајн трговијата оваа година очекува приходи од околу 2,7 милијарди куни.
Според хрватските медиуми, мнозинствто акции во „Певекс“ ги поседува хрватскиот „крал на плинот“ - Павао Вујновац, со 36,6 отсто удел и неговиот партнер Марио Радиќ, политички секретар на „Татковинското движење“ кој лично има 8,99 отсто, а преку својата фирма „Филир“ уште 7,65 отсто. Јурица Ловринчевиќ, поранешен претседател на управата на „Певекс“ поседува 8,82 отсто, а неговата компанија „Дицентра“ контролира 14, 4 отсто од сопствеништвото. И „Певекс“ има 4,95 отсто сопствени акции, па се доаѓа до пакет од 81,43 отсто акции што се на продажба.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.